Zvonko Beldedovski
Header

Археолошки локалитет Баргала

Археолошки локалитет Баргала

Еден од најрепрезентативните доцноантички и ранохристијански градови во Македонија. Градот Баргала се наоѓа на околу 20 km од градот Штип, лоциран во месноста Горни Козјак во подножјето на планината Плачковица.

Самата местоположба на градот преставува блага падина во подножјето на Плачковица, покрај една од источните притоки на Брегалница – Козјачка река, која ја формира една од помалите котлини во средниот тек на реката Брегалница. Карактерот на овој терен е отворен, прегледен и лесно достапен од сите страни.

Градот се развил во рамните на една поранешна римска тврдина – логор (каструм) за поголема воена структура, веројатно проширена кохорта. Во 4 век овде се развила цивилна населба, ранохристијански епископски град Баргала. Во 5-6 век градот прераснал во силен црковен, културен и економски центар во средниот тек на реката Брегалница.