Zvonko Beldedovski
Header

Археолошки локалитет Кула кај с. Калаузлија

Археолошки локалитет Кула кај с. Калаузлија

Локалитетот Кула претставува населба и утврдување од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км. југозападно од с. Калаузлија, на издаден гребен над коритото на Козјачка Река, од нејзината десна страна. Оваа населба и тврдина е една од бројните одбранбени пунктови распоредени околу доцноантичкиот град Баргала. Лоциран е на околу 3,5 км југоисточно од Баргала.

Црквата лоцирана на овој локалитет со своето необично и многу ретко архитектонско решение (со необични широки ѕидови, однадвор појачани и украсени со бројни пиластри) претставува единствен примерок на ранохристијанска градба (IV-VI век), не само во брегалничкиот туку и пошироко во Р. Македонија и околните простори.

На просторот на Р. Македонија единствено на големата базилика во Хераклеа се вградени три пиластри, но само на апсидалниот ѕид од црквата.

Покасно во средниот век врз рушевините на ранохристијанската црква како култно место и на широкото плато околу црквата лоцирана е средновековна некропола и населба.