Биографија
Роден е на 01.01.1948 год. во Берово. Основно и средно образование завршил во Берово. Во 1974 год. дипломирал на Филозофскиот факултет, група археологија во Белград. Вработен во Н.У. Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип од 1974 год. Учесник на бројни национални и меѓународни симпозиуми од областа на археологијата и член на МАНД (Македонско Археолошко Научно Друштво). Работеше на местото советник кустос археолог, раководител на античкото и средновековно одделение.